More

    Магијата во шансоните на Арсен Дедиќ

    spot_img

    Пред точно девет години, на 78-годишна возраст, како последица на сепса, во болница во Загреб, почина легендарниот хрватски музичар и текстописец  Арсен Дедиќ.

    Тој е великан на хрватската музика на 20 век. Беше познат по својот уникатен стил, по брилијантните текстови и шансони. Арсен е роден во Шибеник на 28 јули 1938 година. Татко му бил Србин кој работел како ѕидар, пожарникар и музичар, а мајка му била неписмена домаќинка. Подоцна Арсен ја научил да чита и да пишува.

    Во текот на 1960-тите ја запознал својата прва сопруга Весна Сулигој, со која добил ќерка. Сепак, бракот завршил со развод во 1965 година.

    Арсен по втор пат се оженил во 1973 година. Во Загреб дошол во 1959 година, кога ја запознал пејачката Габи Новак. Таа е неговата втора и последна животна сопатничка, со која го има синот Матија.

    Постарите генерации ги паметат неговите хитови „Све што знаеш о мени“, „Куќа поред мора“, „Тамо да патујем“, „Одлазак“, „О младости“ и многу други. Тој напиша песни за многу хрватски уметници, меѓу кои за Габи Новак, Ибрица Јусиќ, Кемал Монтено, Северина, Јосипа Лисац, Здравко Чолиќ и за други.

    Арсен ѝ е познат и на помладата генерација, особено поради песните кои ги напиша за Петар Грашо, за Натали Диздар и за други пејачи. Еве еден наш избор на неколку негови незаборавни песни:

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img