More

    Полицијата истражува дали некој подметнува пожар на овој начин

    spot_img

    Воздушен балон со направа од која се дувал оган заради движење на балонот е забележан во селото Вирово, Демирхисарско, а жителите се сомневаат дека некој на ваков начин сака да подметне пожар на Илинска Планина.

    Полицијата потврди дека на 16.08.2024 во СВР Битола – Полициска станица Демир Хисар било пријавено дека на околу 20 метри над продавницата во село Вирово, Демирхисарско, бил забележан балон со дијаметар од околу еден метар на кој имало инсталирано направа од која под притисок дувал оган за движење на балонот.

    Кога жителите се обиделе да го соборат, балонот се кренал повисоко и заминал кон шумата над селото. Полициски службеници излегле на местото и бил извршен разговор со повеќе лица – сведоци на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

    Претходно, на социјалните мрежи се појавија вознемирувачко видео и фотографии од мештани од селото Вирово кај Илинска Планина.

    „Споделувајте итно, сите селани го видоа со голо око, над село дојде како љубовен балон запален со оган и директно се упати за Еврејка, и уште 3-4 се во придружба. Е вака се пали нон-стоп, Македонијо преземај нешто!“, напиша граѓанин кој сподели видео и фотографии од запалениот балон.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img