Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра со Џон Мекинро во егзибициски меч против Карлос Алкараз и Андре Агаси, објави директорката на УС Опен Стејси Аластер.
Егзибицискиот натпревар е планиран за неделата пред почетокот на УС Опен кога се организираат навивачки настани.
– Ќе имаме шампиони од минатото и шампиони на денешницата. Ова е настан кој не смее да се пропушти. Ќе имаме машки двојки. Алкараз ќе биде во пар со Агаси, додека партнер на Ѓоковиќ ќе биде Мекинро. Алкараз и Ѓоковиќ веднаш рекоа дека ќе прифатат кога ги замолив да присуствуваат. Тие се возбудени што имаат можност да играат со Агаси и Мекинро – рече Аластер, цитиран од „Газета тенис“.
Ѓоковиќ и Мекинро четири пати освоија титули на УС Опен, Агаси двапати беше најдобар, а Алкараз еднаш.
Ју Ес Опен започнува на 26 август и ќе трае до 8 септември, а титулата ја бранат Ѓоковиќ и Американката Коко Гоф.