More

    Нови современи апарати од милион евра на Клиниката за дигестивна хирургија

    spot_img

    На Универзитетската клиника за дигестивна хирургија во Скопје, попладнево беше промовирана нова опрема во вредност од милион евра, средства обезбедени од Министерството за здравство.

    Обезбедени се повеќе современи апарати: лапараскопски хируршки столб, електрохируршка единица со аргон плазма, апарат за трансфузија за континуирано собирање и обработка на изгубена крв при операција со вакум пумпа, пациент монитори, плазма стерилизатори, хируршки аспиратори и други работи, наменети за хируршките сали и полуинтензивна нега.

    Министерот за здравство, Арбен Таравари, истакна дека ќе продолжат со унапредување на условите за третман на пациентите.

    – Како што денеска ме информираше директорот, со новата медицинска опрема, во операционата сала на Дигестивна хирургија, првпат во државата се изведува лапароскопска интервенција со употреба на флуоресцентен контраст, со што значително се подобрува визуелизацијата и се минимизираат евентуалните компликации при хируршки интервенции – рече Таравари.

    Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во периодот што следи ќе има уште многу „вакви убави работи за македонското здравство“.

    – Мандатот го започнавме со една посета на Клиничката болница во Штип каде кажавме дека продолжува проектот за завршување на Клиничката болница во Штип и болницата во Кичево, едни два споменика, условно кажано, од едно време во минатото, што оваа влада има амбиција да ги заврши и доколку тоа биде успешно, тогаш очекуваме таква една реплика да се направи на еден голем клинички центар, што долго се ветува, но никако да се случи – изјави Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img