More

    СУДИИ СО ДВОЈНИ ДРЖАВЈАНСТВА,СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ КОЦКАРИ И БИЗНИСМЕНИ!

    spot_img

    Во однос на прашањето дали постои задоволство од казните за спогодба на Иџет Мехмети и Наќе Георгиев, премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција одговори дека е задоволен од тоа што во техничката Влада, токму МВР спроведе перфектна акција кога за првпат на дело покажаа дека имаме корумпирани судии во највисокото тело, тоа е Врховниот суд.

    – „И ако вие имате корумпирани судии коишто се во највисокото тело, а тоа е Врховниот суд, тогаш можете да си замислите што се случува надолу. Понатаму, во истрагата се потврди дека не бил сам врховниот судија туку и лицето за кое исто така постои спогодба со обвинителството, а тоа е Иџет Мехмети, ако не се лажам како претседател на Советот на јавни обвинители, ако не се лажам. Така што тука е јасна спрегата меѓу судско-обвинителскиот систем кај нас и затоа довербата ни е 2 проценти…..“,ќе изнесе премиерот Мицкоски.

    СУДИИ СО ДВОЈНИ ДРЖАВЈАНСТВА,СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ КОЦКАРИ И БИЗНИСМЕНИ!

    Години наназад Македонија е полна со далавери во судско-обвинителската фела,од судии со двојни државјанства (бугарско-македонски), до судии кој местото од судница го замениле со столчето во Казина,па така во недостиг на парични средства,спремни се наразно разни дилови.

    Години наназад во делот кој го опфаќа битолското апелационо подрачје имаме бројни примери на судии митаџии,но ете како и за се ,така и за нивните матни зделки,влакно не им недостигало,ќе се поправеле??!!

    Но не е само битолското судско апелационо подрачје, тука е и Битослкото јавно обвинителство,на пример имавме во минатото случај кого судија, адвокат и јавен обвинител вршеле изнуда на парични средства од поранешниот директор на АД „Транскоп“,кој актери беа фатени на дело во ресторанот „Де Ниро“ во Битола од страна на МВР,но наместо санкции ,истите актери постанаа милионери,беа унапредени токму од страна на ВМРО ДПМНЕ,дури едно од тие лица ,денес е Алфа и Омега во Општина Битола и главен кадровик на ВМРО ДПМНЕ во Битола…

    СУДСКИОТ СОВЕТ ,СОВЕТ НА ФИКУСИ ЗА ПРИКРИВАЊЕ НА КАЗНИВИ ДЕЛА НА СУДИИ???

    Судскиот совет ,но и советот на обвинители делува како да се некаков си „Совет на фикуси“,кога е во прашање криминалот во нивните редови..

    Доколку посакате да поднесете преставка до Судскиот совет и од страв од освета сакате да биде анонимна , такво нешто е буквално невозможна мисија,зошто Судскиот совет одлучувал исклучиво по преставки поднесени од лица кој во преставката ќе ги наведат своите генералии, од матичен број, до број на долен веш???

    Но и кога граѓанинот нема да се откаже од ваквата ноторна глупост и кога ќе се дрзне да поднесе поплака ,пријава против судија,за што судскиот совет има законски рок да одговори на поднесителот на пријават и поплаката и тогаш наидувате на нова бариера,едноставно судскиот совет не постапува,а подосителот на барањето може да се жали само кај Свети Петар, зошто овие државни фикуси мрава не ги лази.

    До Судскиот совет од страна на граѓанин поднесена е прставка за судија од Основен суд Охрид , кој од дента кога бил назначен за судија , до сега една година пред негово пензионирање, судел со двојно државјанство,па така носел пресуди во Името на граѓаните на Р.Македонија ,ама и во името на граѓаните на Р.Бугарија???

    И покрај уредно поднесената преставка до судскиот совет веќе 2 месеци ,судскиот совет не постапува,она што успеаве да го дознаеме е тоа дека одредена група во судскиот совет на РСМ сакала да се забошоти случајот , зошто судијата имал уште 11 месеци до пензионирање,па не било фер спрема него од некаква си колегијална страна??

    Добро бре судии,колку од вас имате државјанство на Р.Бугарија,а се плашите да не ви се обзнанат???

    Додека Судскиот совет затскрива , охридскиот судија предпензионерски се се пуштил на најако , па така за да си ги обебзеди пензионерските денови, влегол во дилови за тарифи од 10000 евра по пресуда ,резил судство…

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img