More

    Некои судии се разочарани од малата казна за колегата Наќе

    spot_img

    Судскиот совет денеска на итна седница донесе одлука за престанок на судиската функција на Наќе Георгиев, судија на Врховниот суд кој е осуден на казна затвор во траење од три години за сторено кривично дело примање награда за противзаконито влијание.

    Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, на почетокот посочи дека иако по ова утврдување на престанок на функција не се гласа и не треба расправа, сепак станува збор за престанок на судиска функција на судија од највисокиот суд во државата кој е осуден со правосилна пресуда за кривично дело примање награда за противзаконито влијание.

    – Истиот судија претходно ја негираше одговорноста, но се докажа дека не може никој, па ни судија да пркоси на фактите и доказите. Во овој момент, нема да се впуштам во коментирање на судската одлука и висината на казната и начинот на кој заврши овој случај, но секако мојот став околу овие прашања е да апелирам до граѓаните да не молчат и да не се плашат. Да се одважуваат и да го пријавуваат до Судскиот совет и до другите надлежни органи секое коруптивно дејствие преземено од судија. Секој случај кога судија лично или преку посредник ќе му побара поткуп или било како дејствие или пак услуга заради влијание или донесување судска одлука – изјави Дамева.

    Не смееме, нагласи Дамева, да дозволиме вакви поединци да ја уриваат сликата за целото судство.

    – Преземаме чекори во тој дел и понатаму граѓаните и јавноста ќе видат дека Судскиот совет работи и нема да дозволи вакви судии да останат. Поединците си имаат име и презиме, си имаме ние име и презиме. Само малку трпение од јавноста, затоа што веќе некои работи почнаа да се решаваат и резултатите ќе дојдат многу брзо – рече Дамева.

    На почетокот на 495-тата итна седница, Дамева посочи дека иако имале рок од десет дена да постапуваат по ова прашање, седницата е во насока на ефикасно и ажурно постапување на Судскиот совет.

    – Од страна на Основниот кривичен суд до Судскиот совет е доставена пресуда, врз основа на спогодба со која осомничениот Наќе Георгиев, судија на Врховниот суд е виновен за сторено кривично дело примање награда за противзаконито влијание и е осуден на казна затвор во траење од три години. Согласно член 73 од Законот за судовите, на судијата кој е осуден со правосилна судска пресуда за кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеци му престанува судиската функција – изјави Дамева.

    Антоанета Димовска, рече дека како член на Судскиот совет законот не ѝ дозволува да навлегува во висината на казната, но и како член и како граѓанин, не е задоволна со ваквата пресуда, нагласувајќи дека за судиите нема олеснителна околност и дека „или си чесен или не си чесен“.

    – Сметам дека за судиите мора да се изрекуваат построги казни. Судија, од кој се очекува правда, добро е што е осуден, но сметам дека оваа казна не е соодветна на она што е направено. Би апелирала до нашите судии сепак да бидат похрабри. Јас јавно кажав дека оваа казна не е доволна – нагласи Димовска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img