Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, согласно Законот за управување со кризи, донесе одлука за учество на дел од Армијата во справувањето со пожарите. Оваа одлука доаѓа по Одлуката на Владата од 13 август 2024 година за постоење кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на државата.
Начинот и интензитетот на кој припадниците на Армијата ќе помагаат на другите институции при гаснење на пожарите ќе го одредува Генералштабот на армијата во согласност со побарувањата од Центарот за управување со кризи и со состојбата на теренот.