More

    Тоа е далеку побезбедно место од Америка, вели Трамп

    spot_img

    Поранешниот претседател и републикански претседателски кандидат за изборите во Соединетите Американски Држави Доналд Трамп кажа дека ќе ја напушти Америка и ќе замине во Венецуела доколку ги загуби изборите во ноември.

    Во интервјуто на социјалната мрежа Икс со Илон Маск, Трамп кажа дека Венецуела, која е зафатена од немири од претседателските избори, е „далеку побезбедно место“.

    – Ако нешто се случи со овие избори, што би било хорор шоу, ќе се сретнеме следниот пат во Венецуела бидејќи тоа ќе биде далеку побезбедно место за средба од нашата земја – му кажа Трамп на Маск.

    Тој наведе дека стапката на криминал во Венецуела опаѓа, додека стапката на криминал во САД расте.

    Венецуелскиот претседател Николас Мадуро го забрани Икс во својата земја, воведувајќи десетдневна забрана на 9 август, откако Маск го обвини Мадуро дека учествувал во „голема изборна измама“.

    Комисијата за избори на Обединетите нации соопшти дека изборната власта на Венецуела не ги почитувала регулаторните одредби кога ги објавила резултатите од јулските избори и дека недостигот од детални резултати е без преседан.

    Повеќето западни влади побараа изборната комисија на Венецуела да ги објави резултатите од гласањето на сите поединечни изборни места откако и Мадуро и кандидатот на опозицијата Едмундо Гонзалес прогласија победа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img