More

    Нови детали за тепачката во Србија

    spot_img

    Обдукцијата на телото на Бобан Р.(61) кој почина на 8 август по тепачка со поранешниот сопруг на неговата сопруга Горан С.(62) во војводинското село Врачев Гај, како што неофицијално, покажа дека неговата смрт настапила како резултат на срцев удар, а не од тепање.

    Поради ваквите резултати, адвокатот на Горан С., кој доби притвор до 30 дена поради сомнение дека извршил убиство и и се заканувал со смрт на поранешната сопруга Верица В., бара тој да биде ослободен, објави Нова.рс.

    Да потсетиме, трагедијата во која загина Македонецот, Бобан Р., се случи на 8 август, по расправија меѓу поранешните сопружници за поделба на заедничкиот имот. Верица наводно објавила оглас за продажба на куќа во Вршац, која ја стекнале со заедничка работа во Италија, а тој бил против, бидејќи сакал тој имот да им го остави на нивните деца.

    Сето тоа кулминирало кога Бобан Р. се вклучил во нивната дискусија, а потоа дошло до физички конфликт меѓу двајцата мажи. Наводно се степале и во куќата и во дворот. Македонецот во еден момент паднал на бетонот, а Горан, според нашиот извор, продолжил да го удира.

    Сето тоа се случувало во куќата на заеднички пријател, кој живее во населбата на Горан, и каде што тој ден дошле на гости Верица и Бобан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img