More

    Бројот на авионски патувања е зголемен за 9% во првата половина од годинава

    spot_img

    Кина очекува да оствари рекордни 700 милиони патнички летови оваа година, надминувајќи ги бројките постигнати пред пандемијата на корона вирусот, изјави шефот на кинеската управа за цивилно воздухопловство, Сонг Жијонг, на Самитот за безбедност на воздухопловството во Азија и Пацификот.

    Лани во кина се остварени  619,9 милиони патнички летови.

    Вкупниот број на авионски патувања во Кина се зголеми за 9% во првата половина на 2024 година во споредба со истиот период во 2019 година.

    -Побарувачката за летови до Јапонија, Јужна Кореја, Сингапур и Европа е особено висока – додаде Управата за цивилна авијација на Кина.

    Приходите од туризмот во Кина се зголемија за 47,4 % на годишно ниво за време на осумдневниот лунарен новогодишен одмор, поттикнати од силниот раст на домашните патувања.

    Туризмот и туристичката индустрија би можеле да ги соборат претходните глобални рекорди во 2024 година, додека 142 од 185 анализирани земји би можеле да ги надминат националните рекорди за бројот на патници на крајот на оваа година, според претходниот извештај на Светскиот совет за патувања и туризам (WTTC )

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img