More

    Целиот германски увоз на злато од Бразил и околу 70% од увозот на злато во Италија доаѓаат од регионот на Амазон, каде што е нелегално се ископува

    spot_img

    Целиот германски увоз на злато од Бразил и околу 70% од увозот на злато во Италија доаѓаат од регионот на Амазон, каде што е нелегално се ископува. Голем дел вакво злата купува и Швајцарија која снабдува 70% од европскиот пазар со злато, покажува истражување на непрофитната организација „Есколас Институт“ од Сао Паоло.

    Според извештајот насловен „Ризично злато на Европа“, кој користел официјални податоци, вкупно 1,3 тони злато што Германија ги увезла лани од Бразил лани  потекнуваат од државата Амазонас. Италија, пак, последен пат увезла 356 килограми бразилско злато  од кои 254 килограми од државите Пара и Сао Паоло.  Државата Сао Паоло не произведува злато, но е главен центар за продажба и извоз на благородниот метал, особено оној од нејасно имотно-правно потекло.

    – Околу 94% од бразилското злато, кое го увезуваат Германија и Италија, главните купувачи во ЕУ, има сомнително потекло и пристигнува преку синџир на посредници од стотици рудници за злато во Амазон – вели во изјава за медиумите, директорката за истражување на Институтот Есколас, Лариса Родригез.

    Според истражувањето повеќе од половина од 68 тони злато што Бразил ги извезе минатата година има сомнително потекло што не може да се следи, и покрај мерките на актуелната влада за спречување на нелегалната продажба на благородниот метал. Компаниите кои увезуваат злато до Бразил, често не знаат каде и како е произведено.

    Во извештајот се наведува и  дека Канада која  е главен купувач на бразилското злато и Велика Британија купуваат злато од легално лиценцирани рудници, но Швајцарија која снабдува 70% од пазарот на Европската унија со злато, покрај легално, купува и шипки злато направени од руди со сомнително потекло.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img