More

    Новата восочна фигура на популарната пејачка Тејлор Свифт беше претставена во средата во музејот на восочни фигури „Паоптикум“ во Хамбург, Германија

    spot_img

    Новата восочна фигура на популарната пејачка Тејлор Свифт беше претставена во средата во музејот на восочни фигури „Паоптикум“ во Хамбург, Германија, пишува „Дејли мејл“. Внимателно ја изработила берлинската уметница Лиза Бушер во природната големина на познатата пејачка.

    Восочната Тејлор е облечена во син комбинезон со светки, сличен на облеката што пејачката ја носеше на музичките награди iHeartRadio 2019 година. Аутфитот го комплетирале со чизми до колена. Фигурата ги држи рацете во форма на срце, симбол популарен меѓу обожавателите на Свифт.

    „Постигнувањето на совршена сличност е особено предизвик кога станува збор за беспрекорна убавина без брчки“, рекла уметницата Лиза, па додала: „Посебен предизвик беше обликувањето на рацете во форма на срце. Усогласувањето на двете раце воопшто не беше лесно“.

    „Истото важи и за обликувањето на главата. Восочната фигура не треба да изгледа неприродно“, објаснила таа.

    Освен познатата пејачка, тука се и ликовите на Анџелина Џоли, кралицата Елизабета Втора, Карл Лагерфелд и Хенрик Осми.

    Потсетуваме, минатата година музејот го претстави новото засилување на составот, музичарот Ед Ширан, што предизвика бурни реакции на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер. Восочната фигура на Ширан со разбушавена коса која држи гитара може да изгледа како оригинал од далечина, додека не се приближите малку.

    „Зошто изгледа како Борис Џонсон?“, праша еден твитерџерија, додека друг додаде: „Зошто Борис Џонсон се маскирал во Ед Ширан? „Ова е морничаво“, „Што ако трепне?“, „Остарел“ и „Оваа восочна фигура повеќе изгледа од Ед Ширан отколку на Ед Ширан“, беа дел од коментарите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img