More

    Џенифер Лопез поминала пет часа во новата куќа на Бен Афлек, а потоа со неговиот син во шопинг

    spot_img

    Со месеци се шпекулира за разводот на Џенифер Лопез и Бен Афлек, а откако тој се исели од нивниот заеднички дом, се чинепе дека на нивната љубов навистина и дошол крајот.

    Парот и летото го помина одвоено. Додека Лопез уживаше во Европа, Бен работеше. Сепак, се чини дека сè уште не е готово меѓу пејачката и актерот.

    Имено, деновиве тие повторно се сретнаа, по долго време. Пејачката е видена како влегува во неговата куќа во Брентвуд, каде ги поминала следните пет часа, јавуваат странските медиуми.

    Подоцна Џенифер била фотографирана додека одела на шопинг во стоковната куќа „Нејман Маркус“ во Њујорк со 12-годишниот Семјуел, синот на Бен Афлек и Џенифер Гарнер.

    Џеј Ло во последно време е опкружена со папараци, а овојпат била фотографирана во друштво на Семјуел, што доволно говори за нејзиниот близок однос со синот на Бен од првиот брак.

    Џенифер Лопез била „уловена“ како пристигнува во куќата на Џенифер Гарнер за да го земе Семјуел и го однесе на шопинг.

    Судејќи по фотографиите, тие навистина уживале во летниот ден.

    Неодамна Џенифер беше фотографирана на пат кон канцеларијата на Бен во Лос Анџелес, по враќањето од Италија, а уште еден детаљ предизвика шпекулации дека парот сепак нема да се раздели. Ќерката на Бен, Вајолет, беше облечена во фустан на Џенифер Лопез, која го носеше на Денот на вљубените кој го помина со Бен.

     

    Папарацо фотографиите на Џеј Ло осамнаа откако се појавија нови детали за нејзиниот однос со Бен Афлек. Имено, беше објавено дека Џенифер го посетила Бен во неговиот дом во Мајами во текот на викендот, откако тие го поминаа поголемиот дел од летото разделени.

    Инаку, Џенифер неодамна била фотографирана со бурма на раката, што е уште еден знак дека можеби успеале да ја надминат брачната криза.

    Да потсетиме, по неколкумесечни шпекулации, на почетокот на август беше објавена веста дека Џеј Ло и Бен Афлек се пред официјален крај. Тогаш пријателите на парот за „Дејли мејл“ откриле дека документите за развод се „финализирани“, но дека сè уште не се предадени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img