Средба на Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Сашо Петрушевски со специјалниот претставник за Западен Балкан на Меѓународниот центар за развој на миграциски политики – ИЦМПД, Мелита Груевска Грахам

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Денеска (13.08.2024) Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Сашо Петрушевски оствари работна средба со специјалниот претставник за Западен Балкан на Меѓународниот центар за развој на миграциски политики – ИЦМПД, Мелита Груевска Грахам.

 Средбата претставуваше и прво формално претставување на портфолиото активности на оваа организација во и за нашата земја, при што Државниот секретар Петрушевски ја потенцираше важноста на меѓународната соработка општо во управувањето со миграциите, а особено во делот на справувањето со илегалната миграција, трговијата со луѓе и криумчарењето мигранти.

 Државниот секретар Петрушевски ја изрази натамошната поддршка на Министерството за внатрешни работи во работењето на оваа меѓународна организација, осигурувајќи на тој начин и континуитет, но и интензивирање на истата во делот на билатералната соработка.

Share This Article