Српската актерка Тамара Драгичевиќ во моментот е на одмор со семејството, а неодамна покажа како ужива со своите три деца и како се релаксира на плажа.
Меѓутоа, Тамара сега објави поинтимна фотографија од спалната соба, на која покажа како го дои своето бебе, малиот Борис.
Инаку, Тамара по породувањето успеа многу брзо да си ја врати линијата, а во бракот со сопругот, инаку актер, Петар Бенчина, има вкупно три деца.
Како мајка на три деца, Тамара претходно изјавила дека има стравови за нивното растење.
– Моето постаро дете почна прво одделение и тука имаше стравови. Некако градинка и тој период на растење кога се најмногу со нас, всушност, сте безгрижни и некако е до вас. Кога ќе ги препуштите вашите деца на општеството и системот, тогаш почнуваат вистинските стравови. Се разбира, на крајот семејството и образованието играат најважна улога, а тоа не е лесно. Во моментов тоа се моите стравови – рекла тогаш Тамара.