More

    Се спрема ли руски одговор за украинската офанзива?

    spot_img

    Украина сега контролира околу 1.000 квадратни километри територија во руската област Курск и ја продолжува својата воена офанзива, изјави началникот на армијата на Украина, пишува Би-Би-Си. Генералот Олександар Сирски го објави ова во видео споделено од украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм.

    Зеленски вели дека наредил да се подготви „хуманитарен план“ за областа.

    Во поголемиот дел од Украина е прогласена закана од употреба на балистичко оружје, јавуваат украинските медиуми на Телеграм. Дали Украина се спрема голем руски напад како одговор на окупирањето делови од регионот Курск?

    Гувернерот на Курск, Алексеј Смирнов, денеска изјави дека Украина контролира 28 населени места во пограничниот регион и дека силите на Киев влегле 12 километри на руска територија за време на инвазијата што започна на 6 август.

    Смирнов рече дека украинските сили користеле гранати со хемиско оружје за време на нивниот упад таму, пренесоа руските медиуми. Не е јасно дали Смирнов дал некакви докази во врска со тоа.

    Според Смирнов, непријателот навлегол до длабочина од 12 километри во регионот Курск, а ширината на фронтот е 40 километри. Тој исто така рече дека 121.000 жители досега го напуштиле пограничното подрачје на регионот.

    Околу 50 до 70 отсто од жителите на Шебекин во Белгородската област го напуштиле градот, изјави гувернерот на регионот, Вјачеслав Гладков.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img