More

    Принцезата му честиташе на британскиот тим за успесите на Олимпијадата

    spot_img

    Кејт Мидлтон и принцот Вилијам испратија честитки до репрезентациите на Велика Британија кои учествуваа на Олимписките игри во Париз.

    „Добро сторено, тим ВБ, какво неверојатно патување! Секој спортист покажа огромна посветеност, срце и страст. Нѐ  направивте сите нас толку горди!“, напишаа Кејт и Вилијам на нивниот официјален профил на Инстаграм.

    Тие двајцата се појавуваат во видео со пораки од познати личности, меѓу кои и Дејвид Бекам и раперот Снуп Дог.

     

    Тимот на Велика Британија освои вкупно 65 медали на овогодинешните Олимписки игри, од кои 14 златни, 22 сребрени и 29 бронзени.

    „Од сите што гледаме од дома – честитки до тимовите на Велика Британија“, рече принцезата во видеото објавено на нивниот официјален Инстаграм, а принцот додаде: „Браво за сè што постигнавте, вие сте голема инспирација за сите нас“.

    Кејт последен пат се појави во јавноста на финалето на Вимблдон во јули, по што повторно се повлече од јавноста.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img