Таткото ја оставил повеќе од 3 часа во вжештен автомобил за да игра видео-игри

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Шокантната снимка од полициската камера го фатила потресниот момент кога спасувачите избезумени се обидувале да го спасат двегодишното девојче кое нејзиниот татко повеќе од три часа ја оставил вжештен автомобил.

Кристофер Шолц, таткото на девојчето, на видеото се гледа како ја држи главата во раце и плаче пред да падне на колена.

Тој се соочува со обвинение за убиство од прв степен и се изјасни за невин.

– Те молам, душо, те молам. Не можам да верувам во ова. Боже мој – се слуша на снимката, а овие зборови во очај ги изговара таткото на девојчето (2), пренесува Дејли мејл.

Девојчето било пронајдено во неговото возило откако тој наводно ја оставил таму додека играл игри на „PlayStation“.

На ужасното видео, полицијата и болничарите се гледаат како очајнички се обидуваат да го оживеат девојчето, додека таткото во паника шета низ неговата куќа.

Шолц беше уапсен минатиот месец откако неговата 2-годишна ќерка Паркер беше пронајдена во автомобил пред нивниот дом во Марана, Аризона.

Таткото го оставил детето во автомобилот, а потоа играл игри во куќата

Неговите постари деца, на возраст од 5 и 9, ѝ рекле на полицијата дека тој го поминал попладнето играјќи видео игри, а инспекторите рекоа дека информациите покажуваат дека девојчето било во автомобилот повеќе од 3 часа.

- Advertisement -
Ad image

Шолц им рекол на истражителите дека неговата ќерка спиела во автомобилот и не сакајќи да ја разбуди ја оставил, но и моторот да работи со вклучена клима.

Сепак, полицијата рече дека Шолц наводно „го изгубил вниманието додека играл игри“.

На денот кога почина Паркер, на 6 јули, Шолц и кажал на полицијата дека пристигнал дома околу 14:30 часот ѝ ја оставил својата ќерка во автомобилот бидејќи таа спиела. Тоа го открила неговата сопруга кога се вратила од работа во 16 часот.

- Advertisement -
Ad image

Сепак, детективите од Аризона рекоа дека добиле снимка од надзорните камери од населбата на кои се гледа како автомобилот пристигнува околу 12:50 часот.

„Ти реков да не ги оставаш во кола!“

На неговото прво појавување на суд во четвртокот, Шолц, облечен во сив костум, изгледаше засрамено, но молчеше додека обвиненијата против него беа формално покренати.

Тој зборуваше само кратко во судот и одби да зборува со новинарите по сослушувањето.

Во пораките што ги размениле Кристофер Шолц и неговата сопруга Ерика на трагичниот ден, јасно се гледало дека Ерика е бесна на својот сопруг.

– Ти реков да престанеш да ги оставаш во кола. Колку пати сум ти кажал? – го праша Ерика.

Тој одговорил: „Душо, извини!“.

– Ја изгубивме. Беше совршена – одговорила Ерика.

Предупредување, вознемирувачко видео:

Share This Article