Радиологија со реновирани простории

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерот за здравство, Арбен Таравари, за време на прославата за отворањето на реновираните простории во Универзитетскиот институт за радиологија, денеска говореше за идните цели на Министерството за здравство.

– Реновирани се неколку простори, порано паметам дека клиниката беше во катастрофална ситуација. Просториите веќе изгледаат достоинствено – изјави Таравари.

Министерот напомена дека реовирањето е овозможено со инвестиции од 6 милиони денари, од кои 1,7 милиони се од Кина, а и дека ќе има други такви инвестиции во иднина.

Директорката на Универзитетски институт за радиологија, д-р Соња Николова, зборуваше за реорганизацијата во рамките на Институтот и за проблемите со кадарот.

– Моравме да направиме реорганизација, имаме проблем со кадар, има одлив во приватните институции, а некои од лекарите одат во пензија. Но, се работат втори смени и се работи за време на викендите за да се намали чекањето наоди. Имаме уште малку работа за да застанеме на здрави нозе. Но, ова е системски проблем генериран со години. Тука сме за пациентите. Но, не е само да добијат резултати, туку тие треба да бидат и точни, мора да бидат соодветни – изјави Николова.

Share This Article