Жителите на Краснојаружкиот округ во руската област се евакуирани поради украинските напади, изјави утрово началникот на Белгородската област Вјачеслав Гладков.
– Имаме алармантно утро, непријателска активност на границата на областа Краснојаружкиот округ. За да го заштитиме животот и здравјето на нашето население, почнуваме да ги преместуваме луѓето кои живеат во областа на побезбедни места – истакна Гладков.
Тој додаде дека веќе е почната евакуацијата и оти во областа се испратени транспортни возила.
 
							 
								 
			

 


 
                                
                             















 
		 
		 
		 
		 
		 
		







 
		 
		 
		 
		