More

    Приведено е лице во Скопје поради изнудување непостоечки долг

    spot_img

    Вчера било уапсено лице во Скопје поради изнудување на непостоечки долг во висина од 16.500 евра, соопшти Министерството за внатрешни работи

    Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – СОНК, во содејство со Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција, вчера од слобода го лишиле Д.М.(39) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело по член 258 од Кривичниот законик – “изнуда”.

    Како што се наведува во соопштението од МВР, на 8 август 2024 година, од страна на оштетениот, 39 годишнотото лице Д.М. било пријавено во Министерството за внатрешни работи дека подолг временски период со закани се обидувало од него да изнуди непостоечки долг во висина од 16.500 евра во име на трето лице.

    Според пријавата, оштетениот на 11 август 2024 година во кафе бар во Скопје требало да му ја даде првата рата, односно 7.000 евра.

    По добиени насоки од Основното јавно обвинителство Скопје, извршена е крим техничка обработка на паричните средства при што вчера (10.08.2024), при предавање на наводниот долг од страна на полициски службеници од Единицата за Интервентна полиција, лицето е лишено од слобода и кај него се пронајдени одбележаните 7.000 евра. По добиена наредба од Основен суд Скопје, извршени се претреси во домот и други простории на осомничениот.

    Против Д.М. е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело “измама”. Од страна на Судија за претходна подтапка на лицето му се одредени мерки за претпазливост, соопшти полицијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img