ВРАЧЕНА СВЕТСКАТА НАГРАДА НА ХУМАНИЗМОТ ЗА 2024 ГОДИНА

Lorita
By Lorita
6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Денес во куќата на Уранија во Охрид, во присуство на претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова, претседателот на МАНУ академик Живко Попов и бројни дипломатски претставници, свечено беше врачена Светската награда на хуманизмот на Никола Петровиќ Његош, Принц на Црна Гора. Неговата екселенција е претседател на Фондацијата Његош, која е во тесна соработка со Обединетите нации и УНЕСКО во реализација на значајни меѓународни проекти од областа на хуманизмот и го организира Интернационалното биенале на уметноста во Кралскиот дворец во Цетиње.

Наградата на Охридската академија на хуманизмот му ја врачи Перчо Божиноски, претседател на Советот на Општина Охрид.

Humanizam08092024002 Ваша екселенцијо, принц на Црна Гора Никола Петровиќ Његош,почитувана претседателке на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова, уважени академици, дами господа, драги пријатели,

Имам исклучителна чест и привилегија денес, на нашиот голем празник Свети Климент Охридски, да ја врачам Светската награда на хуманизмот на големиот хуманист принцот на Црна Гора Никола Петровиќ Његош. Оваа награда е потврда дека човекољубието не познава граници, нации, раси или социјални класи, туку го вреднува човечкото универзално творештво и рабирањето меѓу различните култури препознатливо на сите меридијани, денес толку потребно во светот во кој живееме.

Почитувани присутни,

Дозволете ми да изразам голема благодарност до академик Јордан Плевнеш за неговиот неизмерен труд во организирањето на оваа величествена манифестација, со која ние Македонците постојано го потсетуваме светот дека сме тука и го продолжуваме патот на Свети Климент Охридски во ширењето на хуманизмот и човекољубието.

На осумнаесетиот добитник на Светската награда за хуманизам, неговата екселениција, принцот  на Црна Гора Никола Петровиќ Његош, му посакувам добро здравје и уште многу дела и проекти, со кои човештвото ќе биде сплотено и ќе живее во подобро меѓусебно уважување и разбирање.

Знам дека ерудитти во секоја прилика разменуваат мислења и  идеи, со кои ни го збогатуваат, олеснуваат и хармонизираат секојдневниот живот. Во таа насока, ви посакувам плодни дебати и пријатен престој во Охрид – истакна во своето обраќање Божиноски.