Американскиот рапер Тревис Скот (33), откако присуствувал на полуфиналето во кошарка за мажи на Олимписките игри вчеравечер, денеска е уапсен поради тепачка во хотел со пет ѕвезди во Париз, соопштија надлежните.
„Полицијата била повикана во хотелот ‘Жорж Петти’ и Тревис Скот е приведен за насилство врз член на обезбедувањето. Вториов интервенирал за да го одвои раперот од неговиот телохранител“, соопшти полицијата во Париз.
Засега не е познато дали Тревис Скот е задржан во притвор.
Раперската ѕвезда, чие вистинско име е Жак Бермон Вебстер II, има две деца со познатата американска ријалити ѕвезда Кајли Џенер, инаку сестра на Ким Кардашијан.
Неговиот албум „Утопија“ беше номиниран за најдобар рап-албум на овогодишните награди Греми. Скот беше уапсен и во Мајами Бич, САД, во јуни поради неовластено влегување и високо ниво на недозволени супстанции во него.