Српскиот спортист Лазар Џукиќ се удави во езеро во Фортворт во Тексас за време на натпреварувањето во крос-фит, а неговото тело било пронајдено од нуркачи.
Според медиумите, Џукиќ исчезнал околу 8 часот, а телото било пронајдено еден час подоцна, додека на социјалните мрежи се појави видео на кое може да се забележи дека спортистот има сериозни проблеми за време на пливањето.
Џукиќ за последен пат бил забележан на околу 100 метри од целта, а сведоци откриваат дека се мачел постојано за време на трката, но никој ништо не презел да му помогне.