More

    Синот го платил долгот на таткото, па добил закани да ја плати и каматата

    spot_img

    Приведен е лихвар од Гостивар, кој откако му бил платен долгот, се заканувал и барал уште пари за камата, соопшти МВР.

    На 08.08.2024 во 23.40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.Д.(69) од Гостивар поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“.

    Претходно, во 17.30 часот тој бил пријавен од 34-годишник од гостиварско дека М.Д., заедно со Ф.М., на таткото на пријавителот во 2010 година на заем му дале поголема сума на пари, а потоа го принудиле да плати двојно поголем износ.

    Откако пријавителот го расчистил и го платил долгот на неговиот татко, М.Д. и Ф.М. побарале уште пари за камата и му се заканувале.

    М.Д. е задржан во полициска станица Гостивар за понатамошна постапка и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img