More

    Селекторот Кер не штедеше комплименти за српските кошаркари

    spot_img

    Селекторот на американската кошаркарска репрезентација, Стив Кер по победата над Србија во полуфиналето на кошаркарскиот турнир на Олимпијадата во Париз го повтори општиот впечаток дека „орлите“ се одлична репрезентација и не е лесно да се победи таков тим по трет пат.

    – Ние ги победивме двапати и ниеден натпревар не беше толку конкурентен и мразам таква ситуација. Имавме чувство дека ова ќе биде многу тежок натпревар и мислам дека Србија одигра совршен натпревар. Погодија многу шутеви, Аврамовиќ постигна четири тројки во првото полувреме, тоа не е очекувано. Но, ова е моментот, ова се Олимписки игри и нивните играчи беа брилијантни – беше првото нешто што го кажа шефот на стручниот штаб на српскиот ривал.

    Не се запре со комплименти кон Никола Јокиќ, Богдан Богдановиќ, Алекса Аврамовиќ… за сѐ што пружија вечерва во 40 минути голема борба под двата коша.

    – Тие беа под притисок, тоа е одличен и класичен тим. Играат многу ангажирано, играат одлично заедно и искрено сум понизен, навистина понизен што бев дел од тој натпревар. Тоа беше еден од најдобрите кошаркарски натпревари во мојот живот и секогаш ми е жал за тимот што губи во овие случаи. Очигледно сум многу среќен што победивме, но видов некои српски играчи како плачат на теренот и навистина ми беше жал за нив бидејќи направија се како што треба и играа убава кошарка. Многу сум благодарен што бев дел од тоа – искрен беше тренерот на Голден стејт Вориорс и селектор на САД.

    Најдобриот кошаркар на Соединетите Американски држави (САД) синоќа против Србија, Стеф Кари постигна 36 поени, од кои осум тројки, по натпреварот имаше само пофални зборови за противникот.

    – Разговаравме цело лето, колку и да им изгледаше лесно на сите, знаевме дека во одреден момент ќе имаме сериозен предизвик. Србија е одлична репрезентација, тешко се победува, игравме три пати за кратко време, така што нашето враќање е неверојатна работа. Ние се однесувавме на ист начин кога губевме, одигравме како што знаеме и фала му на Бога за оваа победа, сега само ќе уживаме во моментот – изјави Кари веднаш по натпреварот.

    Потсети на целта на неговата репрезентација поставена во моментот кога беше јасно дека сите најдобри НБА играчи повторно ќе дојдат на Олимпијадата.

    – Дојдовме овде да го земеме златото и пред себе имавме тешка задача. Го зголемивме темпото кога беше најважно, ја свртевме ситуацијата на теренот, погодувавме кошеви, почнувајќи од мене, Дурент и другите, Џоел влезе и постигна големи поени, Леброн исто така, но всушност одбраната ни ја донесе победата – смета Кари.

    Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пешиќ изјави дека е горд на тоа како одиграле неговите кошаркари, но дека победникот на крајот го решиле „една или две топки“.

    На констатацијата од српските новинари дека судиите го решиле натпреварот, Пешиќ одговори: „Во Србија постои реченица која ја користиме, кој губи има право да се лути“.

    – Не сум лут туку горд, видовте со што игравме, Милутинов имаше треска, ни Јовиќ не беше подготвен. Ајде да ги опоравиме за поголема ротација против Германците. Не барам изговори, јас сум лут затоа што не ја добивме почитта од судиите, но тоа не беше случај само на овој натпревар – изјави српскиот селектор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img