Познатиот актер Метју Пери, познат по улогата на Чендлер Бинг во хит-серијата „Пријатели“, почина како последица на консумирање кетамин. Затоа што кетаминот не бил препишан од лекар, се води истрага кој го снабдувал Метју со кетамин во фатални дози.
Оние кои на актерот му го продале фаталниот кетамин може да добијат затвор до четири години, изјави адвокатот Тре Ловел за „Сан“.
Кога Метју го пронашле во кадата, тој веќе бил мртов, а според обдукцијата смртта била предизвикана од лекот кетамин и давење. Во моментот на смртта, тој имал исто ниво на кетамин во телото како пациент под анестезија.
Полициската управа во Лос Анџелес истражува од кого актерот ја добил дрогата која на крајот го чинела живот. Иако се верува дека неговата смрт е предизвикана од комбинација на несреќни околности, обвиненијата сепак ќе бидат покренати.
Извори од полицијата навеле дека истрагата е при крај, и дека може да бидат обвинети повеќе лица, пренесува магазинот „Пипл“.