More

    Почит за загинатите армиски припадници кај Карпалак

    spot_img

    „Дваесет и три години од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак. Да се потсетиме за луѓето кои без задршка се дадоа за Македонија! Нема да се заборават. Слава им!“

    Ова денеска го напиша премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук по повод 23-годишнината од денот кога десетмина прилепчани го загубија животот кај месноста Карпалак.

    Токму на тоа место, заедничка делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата предводена од началникот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски и државниот секретар Елизабета Чуповска Ристова денеска положија цвеќе на спомен плочата на бранителите.

    Како што соопшти Министерство за одбрана (МО), во спомен на бранителите, во родниот град на македонските херои, Прилеп, ќе биде оддадена почит и ќе бидат положени венци со свежо цвеќе пред комплексот Карпалак.

    „Десеттемина прилепски бранители, Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски ја платија највисоката цена и ги положија своите животи за својата татковина за зачувување на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет“, наведува МО.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img