More

    Министерството за внатрешни работи информира дека постапува по барање добиено од австриските власти за проверка на лице кое е по потекло од земјава, а кое е осомничено за планиран терористички напад во Виена

    spot_img

    Министерството за внатрешни работи информира дека постапува по барање добиено од австриските власти за проверка на лице кое е по потекло од земјава, а кое е осомничено за планиран терористички напад во Виена.

    – Ве известуваме дека од страна на австриските власти до Министерството за внатрешни работи е пристигнато барање за проверка на лице кое е по потекло од Македонија, а истиот е осомничен за планиран терористички напад во Виена. Од наша страна се постапува по однос на доставеното барање – информираат од МВР за МИА.

    Австриската полиција уапси две лица осомничени за планирање напади на концерти на мегаѕвездата Тејлор Свифт што требаше да се одржат во Виена. Едното лице, 19-годишник, како што објавуваат австриските медиуми е со потекло од Северна Македонија.

    Генералниот директор за јавна безбедност при австриското МВР, Франц Руф, го опиша 19-годишниот уапсен во Терниц како „непосреден главен сторител“, додека второто уапсено лице е 17-годишник, пренесува Австриската новинска агенција АПА.

    При вчерашниот претрес на куќа запленети се повеќе хемиски супстанци и технички средства. Тие сега ќе се оценуваат. Според Руф, пред само неколку недели, осомничениот дал заклетва за лојалност кон актуелниот водач на терористичката Исламска држава на Интернет.

    – Двајцата уапсени се родени во Австрија, родителите на 19-годишникот имаат корени од Северна Македонија, а мајката на 17-годишната е Австријка – изјави генералниот директор за јавна безбедност Руф.

    Руф потврдува дека имале дојава од странски служби, по што била спроведена истрага во комбинација со сознанијата на австриската разузнавачка служба.

    Упасеното момче веќе имало направено експлозивни направи во својот дом во Терниц.

    Истрагата открила дека младиот човек си дал отказ на работа на 25 јули и дека имал „големи планови“, рече Руф на прес-конференција. Откако ја напуштил работата, 19-годишникот наводно се фокусирал на подготовка на терористички напад и го променил изгледот за да го прилагоди на таканаречената пропаганда на Исламска држава.

    Тој наводно планирал со неговиот автомобил да влета во 20.000 фанови кои ќе стојат пред стадионот Ернст Хапел за време на концертот, а потоа да ги нападне со мачети и со ножеви.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img