More

    Владата утнала за 3 милијарди франци при прогноза на пензискиот дефицит

    spot_img

    Швајцарската влада  призна дека погрешно ги пресметала своите пензиски прогнози, што значи дека парите потрошени за државни исплати ќе бидат помали од претходно предложените, објави Euronews.

    Дефицитот во 2033 година поврзан со таканаречените државни пензии АХВ ќе биде околу 4 милијарди швајцарски франци (4,2 милијарди евра), наместо претходно наведените 7 милијарди франци (7,4 милијарди евра), потврдија официјални лица.

    „За време на својата контролна работа, Федералната канцеларија за социјално осигурување (BSV) откри две математички формули во програмата за пресметување на финансиските перспективи на државните панзии.

    -Тоа доведува до неверојатни вредности за трошоците за државните пензии на долг рок – изјавија претставници на BSV.

    Пресметките се направени по ланскиот реферндум за 13-та пензија и зголемување на старосната граница за пензионирање.

    Речиси 60% од Швајцарците на референдумот во март гласаа 13-тата пензија да се исплати од 2026 година. Од друга страна, 75% изнесува процентот на оние кои на истиот референдум гласале против зголемувањето на старосната граница за пензионирање од 65 на 66 години.

    Многумина се залагаа за 13-та пензија поради зголемените трошоци за живот, иако министрите советуваа да се гласа против 13-та пензија.

    Министерката за финансии Карин Келер-Сатер пред референдумот уверуваше дека исплатата на 13-та пензија нема да биде можна без дополнителни средства.

    -Доколку оваа иницијатива биде прифатена, тешко дека ќе можеме да избегнеме зголемување на даноците – изјави Келер-Сатер за весникот Neue Zurcher Zeitung минатиот декември.

    Како што јави Euronews, сега е нејасно какви политички последици ќе има погрешната проценка на дефицитот на пензиите.

    Професорот по политички науки на Универзитетот во Лозана Георг Луц посочи дека многумина се за независна истрага за тоа како можела да се случи толку голема грешка.

    Тој истакна дека првично проценетиот дефицит е во прилог на барањето за реформа на пензискиот систем, т.е. зголемување на старосната граница за пензионирање. Дополнително, сега се доведува во прашање потребата од предложеното зголемување на стапката на ДДВ и намалувањето на висината на пензиите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img