More

    Индиецот Шерават со 10:0 го совлада нашиот борач

    spot_img

    Осминафиналните настапи на турнирот во борење на Олимписките игри започнаа денеска, но за жал Владимир Егоров не го оствари резултатот кој го посакуваше.

    Индиецот Аман Шерават се покажа како непремостлива пречка за одличниот македонски борец, кој денеска го имаше својот прв, но и последен настап на игрите во Париз.

    Шерават беше убедлив во осминафиналната пресметка и славеше со 10:0 во бодувањето, па со тоа ги урна надежите на Егоров кој посакуваше голем резултат на Олимпијадата.

    Инаку, Егоров се натпреваруваше во категоријата до 57 килограми, дисциплина во која пред две години се закити со титулата европски првак на турнирот во Будимпешта.

    Денеска на програмата има уште еден македонски претставник на Олимписките игри, а тоа е таеквондистката Милјана Рељиќ која околу 12:00 часот ќе се бори против Британката Џејд Џонс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img