More

    23-годишнина од загинувањето на десетте резервисти од Прилеп кај месноста Карпалак

    spot_img

    По повод одбележувањето на 23-годишнината од загинувањето на десетте резервисти од Прилеп кај месноста Карпалак, денеска делегации на Министерството за одбрана, Генералштабот на Армијата и Собранието ќе положат цвеќе на спомен-плочата на бранителите на местото каде што загинаа и пред спомен-обележјето во центарот на Прилеп.

    Делегација на Собранието, во состав: Билјана Кузмановска, Миле Талевски и Павле Арсоски, ќе положи свежо цвеќе пред комплексот Карпалак во Прилеп.

    На 8 август 2001 година на патот Скопје – Тетово во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак албанските терористи од заседа нападнаа конвој на АРМ, при што убија 10 припадници на Армијата: Нане Наумоски (48), резервен капетан, Сашо Китановски (40), резервен поручник, Горан Миновски (29), воен обврзник, Ердоган Шабановски (21), воен обврзник, Љубе Грујоски (32), воен обврзник, Бранко Секулоски (43), воен обврзник, Дарко Велјановски (27), воен обврзник, Пеце Секуловски (31), воен обврзник, Веби Рушитовски (26), воен обврзник и Мирко Деспотовски (27), воен обврзник, сите од Прилеп и Прилепско.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img