Вака жена си го казнила сопругот што доживеал мозочен удар кај швалерката

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Неименувана жена од кинеската провинција Лиаонинг му пресудила на својот сопруг и го исклучила од апарати за одржување откако доживеал мозочен удар во куќата на неговата љубовница, објави во вторникот South China Morning Post, чиј известувач веќе во првата реченица заклучил дека мотивот на таа жена беше одмазда.

Дали навистина било така, веројатно само таа жена знае, сепак од продолжението на приказната се дознава дека покојниот 38-годишен маж долго време живеел со љубовницата и покрај тоа што сè уште бил официјално во брак.

Токму неговата љубовница го однела во болница додека бил во критична состојба, но не долго откако бил примен на одделот за интензивна нега, во медицинската установа се појавила друга жена и се претставила како законската сопруга на пациентот.

Лекар по презиме Чен тогаш ја известил дека состојбата на пациентот е критична, односно дека несреќниот човек има многу мали шанси да ја преживее екстремно скапата операција.

- Advertisement -
Ad image

Неговата сопруга потоа побарала од Чен да го отстрани од машината што го одржувала во живот и да се откаже од сите напори да го оживее.

Новинарот не навел дали останатите членови од неговото семејство се согласиле на таа одлука, дали воопшто биле консултирани, но сепак ја пренесе позадината на љубовниот триаголник.

Имено, сопругата потврдила дека знаела дека сопругот ѝ е неверен повеќе од една деценија, нагласила дека нема чувства кон неа и дека не ѝ пружал никаква финансиска поддршка. Таа додала дека и не го сакала веќе некое време.

Според кинескиот закон, кога пациентот не може да донесе клучни одлуки додека е целосно свесен, лекарите се обврзани да му ги објаснат ризиците од операцијата на семејството или на роднините на пациентот и да добијат писмена согласност. Што, јасно, значи дека во одредени околности и брачниот другар може да ја донесе конечната одлука.

„Меѓутоа, доколку членовите на семејството не можат да постигнат консензус за продолжување на лекувањето, може да се спроведат соодветни медицински мерки со одобрение од раководителот на здравствената установа“, објасни новинарот во заклучокот од написот и спомна дека постапката на сопругата предизвикала жестока дебата на локалните социјални мрежи.

- Advertisement -
Ad image

Илустрација направена со ВИ

Share This Article