Големиот хрватски малопродажен синџир „Студенац“ го повлече црвеното вино „Вранац“ на брендот „Барил“, во пластична амбалажа од 2 литра, поради пронајден додаден шеќер

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Големиот хрватски малопродажен синџир „Студенац“ го повлече црвеното вино „Вранац“ на брендот „Барил“, во пластична амбалажа од 2 литра, поради пронајден додаден шеќер.

– Заради заштита на правата на потрошувачите на нашите производи, превентивно го повлекуваме виното „ Вранац“ на приватниот бренд „Барил“ (2L; БАРКОД: 3859894110190; ЛОТ: L 1453) од сите наши продавници – соопштија од трговскиот синџир.

Спроведените анализи покажале дека виното содржи дополнителен шеќер кој природно го нема во грозјето.

„Иако консумирањето на ова вино не претставува опасност по здравјето, решивме да го повлечеме бидејќи ни е важно да ја зачуваме вашата доверба и да обезбедиме транспарентност“, образложија од „Студенац“.

Инаку, 2 литра вранац во Студенац во изминатите месеци чинеа од 3 до 4 евра, пишуваат хрватските медиуми.

Share This Article