Интересот за Мундијалот во Катар соборува рекорди

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

До Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) се поднесени три милиони барања за влезници за финалниот натпревар на Светското првенство, кое од 21 ноември до 18 декември ќе се одржи во Катар.

Станува збор за рекорден број барања, иако цените се повисоки за 46 отсто во споредба со финалето пред четири години во Русија.
За натпреварите од групната фаза најмногу барања за влезници, околу 2.5 милиони, има за дуелот меѓу Аргентина и Мексико што ќе се игра на 26 ноември на стадионот Лусаил со капацитет од 60.000 седишта.

Ден претходно ќе се игра натпреварот меѓу Англија и САД на стадионот Ал Баит со капацитет од 60.000 места, и за овој дуел до ФИФА се поднесени 1.4 милиони барања за билети.

Share This Article