More

    Објавена е фотографија од таблото, еве како изгледал како матурант

    spot_img

    Поглаварот на Македонската православна црква (МПЦ-ОА), г.г. Стефан, вчера прослави 50 години од матурирањето и 50 години од служба во МПЦ-ОА, објави порталот Литургија.

    На 6 август 2024 година се одржа генерациска средба на шестата генерација на богослови од Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ (МПБ), а по повод одбележувањето на јубилејот – 50 години од матурирањето и 50 години од служба во МПЦ-ОА.

    Дванаесетмината богослови коишто дипломирале во оваа генерација се: Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан (крстено име Стојан Велјановски), ставрофорните протопрезвитери: Томе Стаматов, Васил Сламков, проф. д-р Ацо Гиревски, Ристo Ристовски, Благоја Станкоски и Трајко Босеоски, протојерејот Кирил Пачемски, јерејот Божо Марковски, протоѓаконот проф. м-р Димитар Белчовски, професорот Јовица Накиќ и г. Благоја Житошански.

    Во периодот на нивното учење, поглавар на Македонската Православна Црква бил архиепископот Доситеј, а наставничкиот колегиум го сочинувале врвни македонски богослови, предводени од тројцата ректори на Богословијата во тој период: професорот Борис Бошковски, ставрофорниот протопрезвитер Методи Гогов (подоцна Архиепископ Охридски и Македонски Михаил) и ставрофорниот протопрезвитер Трајан Митревски, и професорите: протојереите Бранко Пачемски и Перо Јорданов (сега ставрофорен протопрезвитер), протоѓаконот Михаил Сламков (подоцна ставрофорен протопрезвитер), ѓаконот проф. д-р Јован Таковски (подоцна ставрофорен протопрезвитер), Ѓорѓи Орачки (подоцна ѓакон) и класниот раководител проф. д-р Јован Белчовски.

    Објавена е и фотографија од таблото за генерација 1969-1974:

    Фото: Литургија
    Фото: Литургија
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img