Голем малопродажен синџир одлучи да го повлече црвеното вино поради пронајдениот додаден шеќер. Како што наведуваат во Студенац, се повлекува виното Вранац од брендот Барил во пластична амбалажа од два литри.
„Поради заштита на правата на потрошувачите на нашите производи, превентивно го повлекуваме „Вино Вранац“ на приватниот бренд „Барил“ (2L; БАРКОД: 3859894110190; ЛОТ: L 1453) од сите наши продавници.
Анализите покажаа дека виното содржи дополнителен шеќер кој природно го нема во грозјето. Иако конзумирањето на ова вино не претставува опасност по здравјето, решивме да го повлечеме бидејќи ни е важно да ја зачуваме вашата доверба и да обезбедиме транспарентност, пишува Даница.хр.
Доколку неодамна сте го купиле овој производ со горната етикета, ве повикуваме да го вратите во најблиската продавница во Студенац за да ви ги вратиме парите“, велат во Студенац.
Дволитарски Вранац, инаку, во Студенац последниве месеци чини од три до четири евра.