More

    По уривањето на хотел во Германија, двегодишно дете е извлечено од урнатините

    spot_img

    Едно лице е пронајдено мртво, а осум останале заробени под урнатините откако синоќа околу 11 часот делумно се урна хотел во германската покраина Рајнланд-Пфалц. Меѓу заробениците имало и дете кое било извлечено заедно со уште неколку лица.

    Според германските медиуми, двегодишното дете е спасено и нема видливи повреди, но ќе биде прегледано во болница.

    Заедно со детето спасени се уште две жени и еден маж. Засега не се знае дали некоја од спасените жени е мајка на детето.

    Затрупаните под урнатините се на возраст од две до 81 година, пренесуваат германските медиуми, а пренесува index.hr.

    На местото на настанот има вкупно околу 250 вработени во полиција, пожарникари и припадници на спасувачките служби кои се обидуваат да ги извлечат затрупаните лица.

    Се урна хотел во Германија, едно лице загина, неколку се затрупани во урнатините

    Фотографиите од местото на настанот покажуваат дека делови од катната зграда се урнати, а бетонски остатоци се на теренот.

    Јавната мрежа SWR извести дека пожарникарите првично не можеле да влезат во зградата поради опасност од уривање. Според германските медиуми, воспоставен е контакт со детето кое било затрупано под урнатините. Според првичните информации, детето не е повредено.

    Соседните згради се евакуирани поради страв дека зградата може дополнително да се урне.

    Се уште не е јасно што ја предизвикало несреќата во вторникот вечерта.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img