На владина седница која се одржа вчера била разгледана можноста за враќање на средното полициско образование, откако Министерството за внатрешни работи предложило реформи во областа на обуката, односно образованието на кандидатите за полицаец.
Како што информира владината прес-служба, се разгледува можноста за враќање на средното полициско образование кое има соодветни предности во однос на досегашните деветмесечни курсеви за ангажирање нови полицајци.
Во моментов за прием на нови полицајци, кандидатите треба да исполнуваат и посебните услови, и тоа потребна телесна висина од најмалку 175 см (мажи), 165 см (жени) и висока лична физичка подготвеност. Исто така полицајците треба да имаат завршено четиригодишно средно образование и не смеат да членуваат во политичка партија.