Како што веќе најави директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, а во насока на рана превенција од пожари, полициските служби започнаа со употреба на дронови за мониторирање на шумските појаси на територијата на државата.
– Внимавајте кога се движите по шумите, по нивите, полињата, да не се фрлаат отпушоци, да не се палат стрништа, сепак, општото здравје и човечките животи се нешто најскапоцено, а подметнувањето на пожари е криминал од највисок степен – рече Јанев по посетата на тромеѓата помеѓу селата Расино, Косел и Опејнца, каде гореше борова шума.
Директорот на БЈБ додава дека ќе бидат ангажирани сите расположливи дронови кои ќе бидат во функција 24 часа заедно со термалните камери, се со цел откривање на можни сторители-подметнувачи на пожари.
„Со воведувањето на овие оперативни мерки се очекува не само да се зголеми ефикасноста во делот на раното предупредување и лоцирање на евентуалните пожари, туку и детектирање на можните причини или причинители на истите“, велат од МВР.