Пејачката Марија Шерифовиќ е многу активна на Тик-ток каде редовно споделува видеа, а сега испрати и предизвик на оваа социјална мрежа.
Имено, додека на оваа платформа со денови кружи предизвикот кој ги полуде сите, вклучително и Марија, таа збесна бидејќи не може да успее, па подготви награда за своите следбеници кои ќе успеат во тоа.
Во видеото што го сподели, Марија ги предизвика своите следбеници – да го запрат кокосот да се движи лево-десно за да совршено се совпаѓа со црното поле зад него. Таа вети вредна награда од 20.000 евра за секој што ќе ја заврши оваа задача.
„Ќе му префрлам 20.000 евра на секој што ќе успее да го запре кокосот како што треба“, изјави Шерифовиќ.
Оваа необична објава предизвика големо внимание во јавноста и предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Многу корисници на Тик-ток веднаш се приклучија на овој предизвик, обидувајќи се да го запрат кокосот на вистинското место за да ја добијат големата награда што ја нуди Марија.
Сепак, таа не застана тука, туку продолжи да споделува видеа од предизвиците, а потоа понуди 30.000 евра, што ги насмеа сите.