More

    Еве како денес изгледа девојчето од серијата „Елиф“

    spot_img

    Младата турска актерка Изабела Дамла Гувенлир (18) се прослави со улогата на девојчето Елиф во истоимената турска серија, која беше многу популарна кај нас. Дамла се појавуваше во серијата од 2014 до 2019 година.

    Симпатичната Дамла, која е родена во Њујорк, деновиве престојува на црногорското приморје и на својот инстаграм-профил објави серија фотографии од Котор.

    Таа особено била воодушевена од локалните цркви во Бокакоторскиот залив.

    Нејзиниот татко е Американец, а мајка ѝ е Турчинка. За нејзините родители било најважно да не го запоставува училиштето во текот на снимањето на серијата.

    Сега таа е одлична ученичка, посетува државно училиште и организира бројни хуманитарни акции. Како што и самата истакнува, планира да продолжи да се занимава со актерството, но и да студира медицина.

    Таа израсна работејќи на сетот на серијата „Елиф“, додека гледачите имаа можност да го следат нејзиниот развој. Тоа беше уште една причина повеќе луѓето да се поврзат со неа.

    Девојчето што сите го запаметија по нежното лице сега е возрасна тинејџерка која се занимава со пливање, јавање, се школува, но и тренира стрелаштво.

     

    Интересно е и тоа што Дамла се појави во индонезиската верзија на серијата „Елиф“ во 2021. година, само што нејзиниот оригинален лик го толкуваше Никол Елизабет Роси.

    Да потсетиме, серијата „Елиф“ беше многу популарна не само кај нас и во Турција, туку и во Латинска Америка, а интересно е што се прикажуваше и во САД.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img