Три милиони денари награда ќе добијат младите кошаркари кои освоија злато на европското првенство, одлучи Владата.
Одлуката е донесена на денешната владина седница.
„Владата донесе одлука за награда во износ од три милиони денари на кошаркарите до 18 години кои освоија злато на европското кошаркарско првенство. Младите кошаркари извојуваа 8 последователни победи“, наведува владината прес-служба.