Познатиот актер Пирс Броснан со емотивни зборови и се обрати на сопругата Кели Шеј Смит по повод нивната 23-годишнина од бракот, која среќната двојка ја прослави.
Холивудската заводничка со години се соочуваше со критики за нејзиниот изглед, а многумина коментираа дека Кели не изгледа како заштитно лице, а Броснан секогаш одговараше велејќи дека не му треба супермодел, туку вистинска жена.
Да потсетиме, парот се запозна во 1994 година во Мексико, пред иконската улога на Броснан како Џејмс Бонд, а се венчаа во 2001 година во Ирска.
„Среќна 23-годишнина, драга моја Кели. Мојата убава девојка со кафени очи, ти си мојот север, мојот југ, мојот исток и мојот запад. Љубов моја, биди секогаш со мене“, напиша Броснан на Инстаграм, а потоа сподели фотографии на кои можеме да го видиме парот во младоста и сега.
Кели му возврати на нејзиниот сопруг.
„Ти си најдобрата, најубавата, најнежната личност што сум ја сретнала. Среќна годишнина, љубов моја. Во следните 23 години заедно. Нека продолжат да бидат креативни, авантуристички, љубовни, инспиративни и радосни. Времето лета на крилјата на љубовта“, додала Кели и објавила неколку фотографии од нивната венчавка.