More

    Џенгиз Мусљиу е осуден на 11 години затвор во Македонија

    spot_img

    Обвинителството во Тирана одлучи да се обрати до властите на Македонија со барање за податоци за лицето Џенгиз Мусљиу кое беше уапсено вчера на меѓународниот аеродром во Тирана, објави Топ чанел.

    – Имам белгиско државјанство и побарав политички азил во Белгија бидејќи сум во опасност. Знаев дека се води кривична постапка против мене, но не знам за што. И мене во тоа време ме малтретираше полицијата – наводно му рекол Мусљиу на судијата.

    Телевизијата наведува дека обвинителството нема никакви детали за што Мусљиу бил осуден од Основниот суд во Куманово во 2016 година. При контрола на аеродромот при влез во Албанија излегло дека е барано лице со меѓународна потерница.

    Мусљиу не дал други детали за случајот и во меѓувреме, додека македонските власти не испратат податоци, тој ќе биде задржан во затвор поради екстрадиција.

    Тој бил осуден во Македонија и му била изречена казна затвор во траење од 11 години, според веб-страницата на Министерството за внатрешни работи.

    Во прегледот на барани лица со меѓународна потерница на македонското Министерство за внатрешни работи пишува дека Џенгиз Мусљиу е роден 11 јануари 1990 година во Куманово, каде што и живее на улица Д-р Рибар бр. 120. Се бара со наредба КУИКП бр. 6/17, издадена од Основниот суд во Куманово за сторено кривично дело по чл. 386 од КЗ на РСМ за издржување казна затвор во траење од 11 години и наредба КУИКП бр. 524/14 од Основниот суд во Куманово за сторено кривично дело по чл. 215 од КЗ на РСМ за издржување казна затвор во траење од 4 години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img