По половина година на функцијата, градоначалничката Данела Арсовска го разреши в.д. директорот на на ЈП „Водовод и канализација- Скопје“, Виктор Панчевски.
Скопската градоначалничка за нов директор го именува Тони Миновски кој е вработен во претпријатието.
Панчевски е разрешен по само 6 месеци откако беше поставен на раководната позиција на ова јавно претпријатие. Претходно беше вработен во ЈП „Паркови и зеленило“.
Миновски е петти директор на „Водовод“ за три години мандат на Арсовска. По доаѓањето на функцијата во октомври 2021, таа го назначи Златко Перински, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, но го разреши по кавгата со лидерот Христијан Мицкоски. На местото на Перински го стави Марјан Митовски, а по неколку месеци го смени и него и го назначи Илиевски, кој претходно беше в. д. директор во Зоолошката градина. Во февруари годинава, Арсовска го разреши и Илиевски, иако три месеци претходно му даде менаџерски договор, и на негово место го постави сега разрешениот Панчевски.