Германскиот производител на микрочипови Инфинеон (Infineon) планира да укине 1.400 работни места и уште толку преместување на „поевтини локации“ за да ја надмине слабата побарувачка.
Отпуштањата ќе опфатат околу 500 работници во Регенсбург, Германија, потврди компанијата, без да даде детали за други локации.
Овој потег треба да ги пренесе работните места од сите „земји со високи плати“(од Северна Америка) во поповолни земји каде што веќе работи Infineon (Азија) – изјави извршниот директор Јохен Ханебек.
Регенсбург ќе го задржи статусот на „централна локација“ фокусирана на истражување и развој, а работни места ќе се отвораат во Дрезден.
Германскиот производител на чипови се бори со слабата побарувачка, како и целиот сектор. Вчера известија дека добивката во третиот фискален квартал им е намалена на половина, на 403 милиони евра. Нивните приходи се намалени за 9%, на 3,7 милијарди евра. Во четвртиот фискален квартал, кој завршува во септември, очекуваат приход од околу 4 милијарди евра.