More

    Трговскиот дефицит достигна 1,6 милијарди евра

    spot_img

    Вкупната вредност на извозот на стоки во периодот јануари-јуни 2024 година, изнесува 3,930 милијарди евра и бележи пад од 7,6% во однос на истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

    Вредноста на увезената стока, во истиот период, изнесува 5,544 милијарди евра, што е за 0,1% повеќе во споредба со истиот период од претходната година додека трговскиот дефицит изнесува 1,614 милијарди евра.

    Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-јуни 2024, изнесува 70,9%.

    Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.  Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.

    Во периодот јануари-јуни 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img