Во екот на полемиките за бокс-мечевите во женска конкуренција на Олимписките игри во Париз – за хормоните кои од жените прават мажи, за тоа колку е тоа пририодно или вештачки и дали сето тоа заедно има некаква врска со популарната трансџендер агенда – многумина се сетија на едно легендарно видео на популарните монтипајтоновци.
Видеото, се разбира, нема врска со она што се случува во Париз и е снимено многу одамна. Но, тоа црнохуморно и визонерски ги предвидува контроверзите на благородниот спорт.
Боксуваат Кен Систем-За-Чист-Воздух и ученичката Петјула Вилкокс: