Овошје кои не треба да ги комбинирате, од повеќе причини

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Лубеницата и дињата се синоним за лето. Ова вкусно овошје е идеално за освежување во топлите денови, но можеби не сте знаеле дека никогаш не треба да се јаде заедно.

Лубеницата е богата со магнезиум, калиум, калциум, цинк, железо, бакар, кобалт, јод, витамини Ц, А, група Б и фолна киселина.

Дињата содржи калиум, калциум, натриум, магнезиум, сулфур, железо, јод, витамини А, Ц, Е и група Б. Хранливите материи подобро се апсорбираат кога овошјето се консумира посебно, па затоа не треба да се мешаат дињата и лубеницата.

Покрај тоа, лубеницата и дињата содржат различни видови шеќер и растителни влакна, што може да значи дека се вари со различна брзина.

Според некои теории, комбинирањето на храна која се вари со различна брзина може да предизвика дигестивни нарушувања, како надуеност, гасови или непријатност, пренесува Index.hr.

Важно е да се напомене дека за повеќето луѓе, конзумирањето на лубеница и диња заедно нема да предизвика значителни проблеми. Доколку забележите дека оваа комбинација ви предизвикува непријатност, најдобро е да ја избегнете или да се консултирате со здравствен работник.

Share This Article